Лидерите и министрите за транспорт на државите од Западен Балкан на 6. и 7. следниот месец на средба со претставници на Светска банка и со Европската инвестициска банка ќе разговараат за финансирање на изградбата на железничкото поврзување на Македонија, Бугарија и Албанија на Коридорот.

Премиерите на Македонија и на Бугарија Бојко Борисов и Зоран Заев по заедничката седница на владите на двете држави во Струмица порачаа дека Коридорот 8 ќе биде приоритет за реализација кој ќе понуди многу можности за соработка и забрзување на протокот на стоки и патници.

– Една од најголемите желби е навистина од Скопје до Софија да не се патува четири- пет часа, туку многу брзо, тоа да биде возможно како алтернатива по убав автопат или по убава железница. Тоа е Коридорот 8 кој е лепеза на можности за граѓаните од целиот регион, рече Заев одговарајќи на новинарски прашања на заедничката прес-конференција со Борисов.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/11/2017 16:48