Седум месеци по доаѓањето на власт, пристигнуваат првите критики од Брисел на адреса на Заев.

Европската Комисија преку македонскиот В.Д. амбасадор во Брисел и порачал на Владата да не се прават измени во Законот за медиуми бидејќи тоа, воопшто не е приоритет на Брисел, пренесува Алсат.

Брисел бара и резултати во реформите во тајната полиција и бара час поскоро да се зајакне улогата на Собранието во контролата на УБК.

„Инсистираат во процесот да се обезбеди консултација со опозицијата, околу посеопфатна реформа на разузнавачкиот сектор. Порачуваат да не се користи ЕК како арбитер, дали евентуална нова стратегија е добра и за оваа задача најдобро е да се избере земја стратешки партнер. Не сакаат да се стават во позиција под слово на стратегијата кои тие би ја одобриле, да се покријат чекори кои ќе значат расчистување со кадри во УБК“ – се вели во писмото кое го објави телевизијата.

Брисел нотира дека Владата троши повеќе време на односи со јавноста отколку на реформите.

Слични пораки пред неколку дена од Скопје испрати и еврокомесарот Јоханес Хан по што Законот за јазици кој инаку е предложен како закон со европско знаменце, односно приоритетен за Брисел експресно се повлече од собраниската агенда.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/11/2017 17:01