Судскиот совет денеска на седница избра судии и претседатели на судови за неколку основни судови во земјава, потоа апелационите и Врховниот суд.

Претседатели добија основните судови во Ресен, односно Емел Кранли, нов претседател на кумановскиот Oсновен суд е Снежана Манев, а Хаца Асан е претседател на Основниот суд во Тетово.

Без претседател останува дебарскиот основен суд. На чело на штипска Апелација доаѓа Наке Георгиев, Александар Камбовски е избран за судија во битолскиот апелационен суд.

Сепак за скопскиот апелационен суд се пријавиле најголем број кандидати, дури 73 од кои ниту еден не ги исполнувал условите.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/11/2017 17:56