Шефот на стручниот штаб Чедомир Јаневски после натпреварот со Зенит во Санкт Петербург кој што Вардар го загуби минимално со 2:1.

„Мислам дека беше убав и добар натпревар со два тима кои сакаа да победат. Како што реков и претходно, за да направиме добар резултат тука, мора да бидеме добро организирани и да не правиме многу грешки. Нормално беше да Зенит пред својата публика нападне во првите 15. минути, и ние се плашевме да не примиме гол како во Скопје. Примивме гол кој што не беше многу тешко да се одбрани, и моравме подобро да реагираме.

Потоа дојде и пеналот кој што за мене е многу сомнителен, и благодарение на нашиот голман го одбрани. Тоа беше клучен момент да веруваме до крајот на мечот дека можеме да направиме нешто повеќе. Тоа ни даде позитивна енергија. Создававме неколку полушанси, и не направивме да одиме на полувреме со еден постигнат гол, а примивме втор.

Во вториот дел и со игра и со посед тимот добро одговори на поставените задачи, не се уплашивме и на моменти бевме поопасни од противникот. Дадовме гол но за жал доцна. Одигравме подобро од Скопје, само можам да кажам дека не сум задоволен од крајниот резултат. Честитки до Зенит за победата“, рече Јаневски.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/11/2017 16:15