Повикувајќи се на извори од врвот на Српската православна црква, белградскиот дневен весник „Политика“ пишува дека Светиот синод на СПЦ вчера имал редовна седница на која што се расправало и за настаните поврзани со МПЦ и БПЦ.

Во врвот на СПЦ изјавиле дека се изненадени од одлуката на Бугарската патријаршија и дека се надеваат дека Синодот во Софија ќе остане на линија на канонскиот поредок на црквата.

– На православниот народ во Македонија не му се скратени никакви права. Тој факт е потврден не само со канонското право, туку и според највисоките правни акти на Европската Унија, напоменуваат изворите на „Политика“ од СПЦ, алудирајќи на пресудата на Европскиот суд за човекови права за Охридската архиепскипија на архиепископот Јован Вранишковски.

„Политика“ пишува дека СПЦ ја издала потврдата за автономија на Охридската архиепископија, преку акт потпишан од покојниот патријарх Павле и целиот собор на СПЦ.

Врз основа на Нишкиот договор од 2002 година помеѓу СПЦ, и како што пишува белградскиот весник, „канонско непризнатата МПЦ“ македонските епископи прифатиле да се вратат во канонско единство со СПЦ, но по враќањето во Македонија ги повлекле потписите“.

Според историчарот Александар Раковиќ, со доаѓањето на власт на Зоран Заев се разбудиле бугарофилските структури во општеството и во МПЦ. Тој смета дека потегот на МПЦ е противзаконски, незрел и не помага кон решавање на проблемот. Раковиќ смета дека и БПЦ постапила противзаконски, бидејќи тие како афтокефална црква немаат никакво канонско право да ја застапуваат МПЦ.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/11/2017 22:23