Како претседателка на Република Хрватска, јасно и недвосмислено сакам да порачам дека вчера во Хаг не се изрекуваше пресуда на Хрватска, ниту на хрватскиот народ во БиХ. Хрватска не беше агресор, туку најмногу направи за зачувување на целовитоста на БиХ, а хрватскиот народ се одбрани од големосрпската агресија, изјави денеска Колинда Грабар-Китаровиќ.

– Хрватска и Бих беа нападнати од Србија и ЈНА на Слободан Милошевиќ, која се стави во отворена борба за остварување на проектот „Голема Србија“. Хрватска никого не нападна, изјави Грабар-Китаровиќ откако Хашкиот трибунал вчера донесе пресуда за шестмина босански Хрвати, со која се потврди дека постоел меѓународен вооружен судир во БиХ и состојба на окупација, а исто и постоење на здружено хрватско злосторничко дејствување со цел етничко чистење во делови на БиХ.



Автор: Администратор
Објавено на: 30/11/2017 18:33