Косовскиот премиер Рамуш Харадинај изјави дека не смее да се дозволи младите луѓе да бидат дел од идеологијата која води до тероризам и дека Косово е подготвено да ги прифати сите повратници од војната во Сирија.
– Косово е дефинирано како татковина на сите граѓани, без разлика дали се Албанци или од немнозинското население. Исламот на Косово никогаш не беше закана. И Косово мора да каже „Не за екстремизмот“, рече Харадинај за време на претставувањето на извештајот на УНДП, кој опфаќа интервјуа со борците повратници од војната во Сирија, како и со нивните семејства.