Попладнево во Москва се одржа ждрепката за групите од Светското првенство кое наредната година се игра во Русија.
Најатрактивна е групата Д каде ќе играат Аргентина, Хрватска, Исланд и Нигерија.
Домаќинот Русија доби лесна група во која ќе игра со Саудиска Арабија, Египет и Уругвај.
Актуелниот светски шампион Германија во групата Ф ќе се сретне со Мексико, Шведска и Јужна Кореја.
Европскиот шампион Португалија ќе игра со силната селекција на Шпанија во групата Б, заедно со Мароко и Иран.
Нашиот северен сосед Србија ги доби Бразил, Швајцарија и Костарика, а Англија и Белгија би требало да ја поминат групата во која се уште Панама и Тунис.
Најнеатрактивна е последната група, Х во која се Полска, Сенегал, Колумбија и Јапонија.
Натпреварите почнуваат на 14-ти јуни, а финалето ќе се игра на 15 јули следната година.
Група А: Русија, Саудиска Арабија, Египет, Уругвај
Група Б: Португалија, Шпанија, Мароко, Иран
Група Ц: Франција, Австралија, Перу, Данска
Група Д: Аргентина, Исланд, Хрватска, Нигерија
Група Е: Бразил, Швајцарија, Костарика, Србија
Група Ф: Германија, Мексико, Шведска, Јужна Кореја
Група Г: Белгија, Панама, Тунис, Англија
Група Х: Полска, Сенегал, Колумбија, Јапонија