Новата стратегија на ЕУ за Западен Балкан предвидува дека до 2025 година сите земји од регионот ќе започнат или ќе спроведат сеопфатни реформи во клучните области, како што се владеењето на правото, регионалната соработка и помирувањето, тврди приштинскиот весник „Коха диторе“.

Според весникот, во стратегијата е посочено дека во следните години Брисел ќе започне преговори за членство со Албанија, Босна и Херцеговина, Косово и Македонија, како и дека до 2025 година Србија и Црна Гора ќе станат членки на Унијата.

„Коха“ наведува дека станува збор за оптимистичко сценарио на Европската комисија, во кое се прогнозира дека до 2019 година Македонија ќе постигне видливи реформи, но дека ќе мора и да го реши спорот со Грција.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/12/2017 01:52