Не се водат преговори за можен влез на Србија во НАТО, изјави денеска генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, во пресрет на состанокот на министрите за надворешни работи на Алијансата на 5 и 6 декември.

- Србија одлучи да не се стреми кон членство во НАТО. Ние ја почитуваме таа одлука. Не се водат никакви преговори за влез на Србија во НАТО, рече генералниот секретар на Северноатланскиот сојуз.

Според него, многу е важно да се сфати дека е можно да се биде добар партнер на НАТО, а при тоа да не се бара членство.

- Во Србија има руски хуманитарен центар, Србија спроведува заеднички вежби со Руската Федерација, но во исто време Србија спроведува воени вежби и со НАТО. Таа е независна и суверена држава, ние ја почитуваме оваа одлука, рече Столтенберг.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/12/2017 18:10