Сите оние кои во Словенија изнајмувале недвижнини преку познатата интернет страница „AirBnB“ би можеле да платат драконска казна, која достигнува до 30.000 евра, објави „Пословни дневник“.
Се прогнозира дека годинава во Словенија сопствениците на станови и куќи ќе остварат околу 200 илјади ноќевања преку платформите „AirBnB“ и „Booking“, по што словенечкото Министерство за финансии предупреди дека следуваат високи казни за оние кои не ги пријавиле приходите.
Доколку своите непријавени приходи од изјамување станови ги пријават до крајот на јануари следната година, ќе платат само данок и заостанатата камата, а во спротивно им следуваат казни од 400 до 30.000 евра, соопшти државната финансиска управа.
Тој орган предупреди дека спроведува посебна контрола на таквиот илегален облик на активности во туризмот и од контролорите имаат право да ги контролираат изнајмувачите претставувајќи им се како заинтересирани гости.
Изнајмувањето станови преку такви платформи во последно време зема голем замав во Словенија, но оние кои се запознати со проблематиката наведуваат дека бирократските прописи им оневозможуваат на изнајмувачите да ја регистрираат дејноста и законски да го плаќаат данокот.
Оние кои на тој начин остваруваат каков било проход, според важечкиот закон за туристичка дејност, треба гостите да ги пријавуваат во полиција и да водат книговодство, односно бизнисот да го регистрираат преку посебна компанија и ќе плаќаат данок, придонеси и туристичка такса.
Сопствениците на станови во згради со повеќе катови, би требало да добијат писмена дозвола од три четвртини станарите кои живеат во зградата, што често е невозможно.