Српската Влада одлучи сметководствените документи, вклучувајќи ги и фактурите, да не се печатат ниту да содржат печат или потпис, се наведува во соопштението на Канцеларијата за соработка со медиумите на Владата на Србија.

Одлуката е потпишана од министерот за финансии Душан Вујовиќ и министерот за трговија, туризам и телекомуникации Расим Љајиќ.


Србија одлучи хартиените фактури да ги исфрли од употреба

Според одлуката дека правните лица и претприемачите можат да издаваат фактури во хартиена или електронска форма. Клучно појаснување е дека не е задолжително да се печати фактурата која изворно е настаната во електронска форма, ниту пак на евентуално отпечатениот документ да се става печат за да се смета за валиден. Електронската фактура е валидна во електронска форма, без потпис и печат, не мора да се отпечати и не мора да се испраќа по пошта.



Автор: Администратор
Објавено на: 13/12/2017 16:46