Републиканскиот сенатор од Кентаки Ден Џонсон, обвинет за сексуално вознемирување тинејџерка, пронајден е мртов покрај својот автомобил. Се претпоставува дека извршил самоубиство.

Џонсон (57) е пронајден со една прострелна рана.

Според официјални извори, неговото тело е пронајдено покрај автомобилот со кој пристигнал до крајот на еден мост.

Патологот Дејв Билингс изјави дека се уште не е извршена аутопсија, но смета дека најверојатно станува збор за самоубиство.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/12/2017 15:31