Грчкиот министер за одбрана Панос Каменос за време на владеењето на Костас Караманлис, кој беше премиер на Грција од 2004 до 2009 година, два пати прифати сложено име со географска одредница за спорот за името, објави на својот профил на Твитер, поранешната грчка министерка за надворешни работи Дора Бакојани.
Каменос, коментирајќи ги последните случувања во разговорите меѓу Скопје и Атина, изјави дека неговата партија Независни Грци, која е помал коалициски партнер во Владата на Грција, нема да прифати зборот „Македонија“ да биде содржан во името на северниот сосед, објави електронското издание на „Катимерини“.
– Каменос два пати за време на владеењето на Караманлис гласаше за сложено име, со географска одредница, ерга омнес, што беше национална позиција, прифатена од сите, освен од Лаос, со која заминавме на Самитот во Букурешт, вели пратеничката од опозициската грчка Нова демократија.