Околу 10 часот вчера во селото Извор, кумановско, на месноста викана „Чуриште“, било пријавено дека додека 41-годишниот Е.К. од Слупчане, заедно со неговиот пријател, 48-годишниот М.И. од истото село биле на лов, М.И. со неговите кучиња се оддалечил од Е.К. и околу 12 часот, М.И. забележал како од планината се спуштат кучиња-загари кои се упатиле кон кучето на Е.К. и почнале да се дават.

Тогаш М.И. слушнал истрел и се упатил кон Е.К. при што го забележал легнат на земја и му кажал дека самиот пукал. М.И. тргнал да побара помош и наишол на ловџијата А.И.(36) од селото Режановце, кумановско.

Двајцата се вратиле кај Е.К. и забележале дека истиот не дава знаци на живот. А.И. настанот го пријавил во полиција и во итна медицинска помош.

Од страна на доктор констатирана е смрт, при што е забележана прострелна рана во пределот на десната страна на градниот кош.

Увид на лице место извршиле јавен обвинител и екипа од Секторот за внатрешни работи Куманово.

По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е дадено на обдукција.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/12/2017 15:45