Седумнаесет годишно момче е повредено при тепачка во автобус на ЈСП со број „57“ денес околу 14:30 часот, информираат од МВР.

Според информациите на полицијата, на горниот кат во автобусот дошло до тепачка меѓу две групи на малолетници во која прободен со нож бил 17 годишник.

Повреденото момче е пренесено во Ургентниот центар.

Напаѓачот избегал по крвавиот настан, а од полицијата додаваат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Следниов линк можете да го видите вознемирувачкото видео од крвавиот настан.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/12/2017 20:28