Гејмерско нарушување (Gaming Disorder) ќе биде прогласено за болест во оваа година откако во Светската здравствена организација со консензус беше одлучено дека постои ризик од зависност од играње електронски игри.

– Пореметување од прекумерно играње видео игри е прогласено за ментална состојба и оваа година ќе биде вметнато како дијагноза, соопшти СЗО.

Нарушувањето ќе биде објавено за болест во 11-та едиција на Меѓународната класификација на болести.

Прирачникот за дијагнози Меѓународна класификација на болести, што е дело на СЗО, последен пат бил ажуриран пред 27 години (1990).

Единаесеттото издание излегува во јуни оваа година и тоа пореметување (Gaming Disorder – пореметување од играње видео игри) ќе биде вметнато како здравствена состојба што треба да се следи.

Во моментниот нацрт на Класификацијата, „Гејминг дисордер“ го карактеризираат одредени однесувања. Не е битно дали се игра он-лајн или оф-лајн, туку е важно да се виртуелни.

Симптомите се опишани во три точки:

– Неконтролирано играње видео игри (личноста нема контрола за интензитет, траење на игра и контекст.

– Давање предност во играње видео игри до ниво гејмингот да биде поважен од останатите животни интереси и дневни активности

– Се почесто играње видео игри и покрај негативни последици што се појавуваат.

За да се постави дијагноза потребна е најмалку една година следење на пациентот.

Таа класификација е службена листа за сите држави членки на ОН. Служи за да се препознае и третира одредена болест, пореметување или однесување, а ја користат научници и истражувачи и оние кои одредуваат законски рамки.

Научници од Окфорд утврдиле дека околу три отсто од луѓето развиваат зависност од видео игри.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/01/2018 22:50