Никола Аврамовски просветен работник од Битола го фати крстот во Радика, што беше положен по повод денешнот голем христијански празник Богојавление-Водици.

По Божествената Златоустова Литургија во храмот „Пресвета Богородица“ во сeло Ростуше одржана од братсвото на Бигорскиот манастир, на која присуствуваа и сестрите од манастирот „Свети Георгиј Победоносец“, стотици верници од подрачјето на Река и други градови од земјава имаше на трожествената литија која тргна од црквата се до Ростушки mост.

Светиот крст во водите на река Радика го фрли Архимандрит Партениј, игумен на Бигорскиот манастир, а најсреќен меѓу 150 млади, од многу градови на државава, беше битолчанецот Аврамовски.

- Посакувам многу здравје, среќа и радост за сите и благосотојба во државава - рече Аврамовски.

Заедно со верниците беше и градоначалникот на општина Маврово Ростуше, Медат Куртоски, а како и со години наназад локалната власт за најсреќниот обезбеди награда.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/01/2018 22:48