Петнаесетгодишниот Петар Атанасовски од Битола е најхрабриот и најсреќниот учесник на манифестацијата посветена на празникот Богојавление-Водици што се одржа во Храмот „Свети Великомаченик Димитриј“ во Битола.

На атрактивниот празничен настан фрлање на крст во светите води му претходеше празнична богослужба што ја одржа митрополитот преспанско-пелагониски и администратор австралиско-новозеландски г.Петар, а потоа во црковниот базен крстот го бараа 15 момчиња и за прв пат и една девојка, дваесетгодишната скопјанка Симона Љубеновска.

– За учество на манифестацијата одлучив пред неколку денови. Чувствував дека треба да заедно со други учесници да се приклучам на оваа традиционална манифестација, а тоа што на моето прво учество го фатив Светиот крст, дополнително ме прави среќен, рече меѓудругото Атанасовски.

Празникот Богојавление Водици се одбележа и во други цркви на преспанско-пелагониската епархија.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/01/2018 00:30