Теодор Цветков, 23-годишен државјанин на Република Бугарија го фати крстот во Гевгелија. По крстот во водите на Вардар влегоа четириесетина верници, а првпат го фати странец.

Цветков доби лаптоп од градоначалникот Сашо Поцков, телевизор од „Зегин“, а свештениците му посочија дека може со Светиот крст да ги посети сите христијански домови во Гевгелија. Тој најави дека парите што ќе ги собере при посетите, ќе ги подари за лекување деца.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/01/2018 00:49