Светиот крст што денеска по повод големиот христијански празник Богојавлјение Водици беше фрлен во базенот „Аквариус“ во Струмица, прв го фати Лазар Котуровиќ.
На Котуровиќ ова му е шести пат како прв стигнува до крстот во осветените води.
- Како и секоја година и оваа очекувам здравје за себе и моите најблиски. Ние по крстот се фрламе за здравје, за ништо друго, рече Котуровиќ.
На чинот на фрлањето на крстот во Струмица присуствуваа голем број граѓани, а на најсреќниот меѓу најхрабрите му беа врачени подароци од градоначалникот Коста Јаневски и останатите спонзори на настанот.