Ден по големиот христијански празник Богојавление Водици, Охрид традиционално го прославува денот на рибарите. Со охридска страогратска песна,пача и рибна чорба на Сараиште и денеска се прославуваше. Од охридското средно угостителско училиште,,Ванчо Питошески” подготвија рибна чорба,доволно за да ја вкусат 6000 посетители на манифестацијата.
Охридска рибна чорба без пастрмка не ја бидува-велат старите охриѓани, но на овој ден,секој ќе касне.На оваа атракција која се организира на Свети Јован, се точеше неограничена количина греана ракија и вино, а охриѓани плетат приказни поврзани со рибарите.
Чорбата се изеде а бурињата со вино се испија до последна капка,а со симболично капење во езерските води се одбележа пуштањето на ловот на пастрмката.
- Ова е празник кој одамна се слави,се празнува за рибарите порано што фрлале мрежи, што оделе на риболов,завршувал татиљот што велиме по охридски и сега се слави,прекрасна организација, изјави Љупчо Стојкоски-риболовен водич.
Најголемата риба уловена во водите на Охридското езеро на 12 јануари 1971 година, била тешка 22 кг. Овој ритуал, кој старите охриѓани од памтивек го негуваат рибарите го почитуваат и со воодушевување го чекаат.За нив ова е вистинско доживување, за кое со гордост раскажуваат, бидејќи скокаат од својата најрана воздраст.