Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ беше поразен во осминафиналето на Отвореното првенство на Австралија. Хјан Чанг со одлична и зрела игра успеа да се пласира во четврт-финалето, во кое го чека најпријатното изненадување на турнирот – Тенис Сандгрен.

Хјан Чанг до победата против Ѓоковиќ дојде во три сета – 7:6, 7:5, 7:6 во натпреварот на кариерата. Играше одлично. Го служеше сервисот, како што течеше натпреварот, така сè повеќе сигурност имаше во долгите размени, а умееше да ги искористи сите грешки на Ѓоковиќ, кои за ваков натпревар ги имаше премногу.

Чанг натпреварот го одигра во стилот на Ѓоковиќ, со кого го споредуваат и голем број тениски стручњаци, без респект и страв, најдобро кога беше потребно.

И покрај поразот, Новак освои поени во Мелбурн бидејќи минатата година испадна во второто коло.

Чанг е прв Кореец во историјата кој се пласира во четврт-финалето на некој Гренд слем. Покрај тоа, Чанг е трет играч кој во Мелбурн успеал да го победи Ѓоковиќ со 3-0. Пред него тоа го направија Марат Сафин (2005) и Роже Федерер (2007).



Автор: Администратор
Објавено на: 22/01/2018 22:45