Согласно Законот за ловството донесен во 2009 – тата година на 01 февруари започнува ловостојот за одреден вид на заштитен дивеч.
Наредната недела ловостој се утврдува за срна, младенчиња - едногодишни и двегодишни од срна и трае до 30-ти септември, за обичен елен и елен лопатар кој трае до 30-ти август односно 15-ти септември, се утврдува забрана за ловење за муфлон машки, муфлон женски и младенчиња едногодишни и двегодишни од муфлон од 1 февруари па се до 30 септември, како и за дива свиња од четврток (01 февруари) па се до 30-ти септември.
Ловостојот не се однесува на машките видови дивеч и тоа: срнак, обичен елен, елен лопатар, муфлон и дива свиња, доколку истиот се одгледува во оградени простории за интензивно одгледување и застрел на дивеч.
Според ценовникот, доколку бидете фатени во криволов на дива свиња (нерез) ќе треба да платите казна од 3000 евра, додека за дива свиња - женка, казната изнесува 1.500 евра.
Казната за криволов на срна изнесува 2.500 додека дупло поголема е казната односно 5.000 евра за машка срна - срндак. 1.000 евра е казната за криволов на младо срнче до една година.
Криволовот на женскиот муфлон ќе ве чини 3.500 евра додека за машкиот 7.000 евра, додека за нивните младенчиња казната е 2.000 евра.
Највисоки казни пак се предвидени за обичен елен и елен лопатар, кој согласно ценовникот, доколку бидете фатени во криволов ќе треба да одвоите 12.000 евра за обичен елен односно 8.000 евра за елен лопатар.