Рожер Федерер ќе ја брани титулата освоена минатата година на Австралија опен. Швајцарецот утринава го потврди својот пласман во финалето на првиот Гренд-слем турнир оваа сезона.

Федерер без многу мака го доби натпреварот со сензационалниот полуфиналист 21-годишниот Хион Чунг од Јужна Кореја кој поради повреда го предаде натпреварот во вториот сет.

Федерер експресно го доби првиот сет, препуштајќи ми на противникот само еден гем, односно со 6-1. Во вториот беа одиграни седум гема, а Чунг при водство на Федерер од 5-2, принудно се повлече од натпреварот.

Со тоа Рожер Федерер се пласира во своето седмо финале на Австралија опен, каде досега има освоено пет трофеи, а единствениот пораз му беше во 2009 година,кога по речиси четири часа игра го загуби мечот со Рафаел Надал со 3-2.

Во финалето закажано за в недела, Федерер ќе игра против Хрватот, Марин Чилиќ.

Утре во женското финале за трофејот на Австралија опен ќе се борат првите две носителки Симона Халеп од Романија и Каролине Возњацки од Данска.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/01/2018 16:36