Поднесена е кривична пријава за „злоупотреба на службена положба и овластување“ против поранешниот градоначалник на општина Крива Паланка, А.А (57), како и против Л.З.(56) и Л.В.(39).

Според пријавата, А.А, ја злоупотребил службената положба и овластување во три наврати. Во првиот случај попречил вршење инспекциски надзор на Комисија избрана со негова одлука за утврдување одговорност на вработена воспитувачка во градинката „Детелинка“, по пријавен настан во Полициска станица Крива Паланка за извршено малтретирање на дете од страна на поранешниот директор на ОЈУДГ „Детелинка“. Со тоа, според пријавата, постапил спротивно на Законот за заштита на децата.

– Веднаш потоа без објавување јавен оглас и без одлука на управниот одбор на ОЈУДГ „Детелинка“ од Крива Паланка, ја разрешил поранешната директорка и на местото за вршител на должност директор ја назначил Л.В. иако знаел дека немала лиценца за директор и немала работно искуство за вршење на оваа одговорна функција, се наведува во редовниот Билтен на Министерството за внатрешни работи.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/01/2018 17:35