Федерацијата на Планинарски спортови на Република Македонија (ФПСМ) денеска ќе информира за новонастанатата ситуација за, како што велат, насилното одземање на Планинарските домови кои се во сопственост на Федерацијата.
Од Федерацијата истакнуваат дека ќе бидат обелоденети сите оригинални документи со кои се утврдува узурпирање на планинарските домови и криминални обиди од поединци и организации кои со фалсификат и насилно сакаат да ги присвојат домовите и истите да им ги одземат на планинарите.
Федерацијата на планинарски спортови е една од најголемите и најбројна во нашата земја, со преку 30.000 активни членови.