Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Агенцијата за финасиската поддршка на земјоделството оваа година за првпат ќе почнат со инвестиции и санации на системите за наводнување и браните. Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски денеска од Штип соопшти дека оваа година во системите за наводнување ќе бидат инвестирани 10 милиони евра.

– Оваа година ќе ја надмине таа сума, заради тоа што отвораме низа на проекти, кои што ќе бидат од национално значење, од интерес на граѓаните. Тука е распишување на тендерската постапка, која што во следните неколку дена ќе се случи за Јужно вардарска долина, тука се и другите брани за кои што веќе се склучуваат договори и системите за наводнување за кои што се обезбедени средства и преку инструментот за предпристапна поддршка на Европската унија. Веќе добивме проект за изградба на осум такви системи за мали еко системи за наводнување. Но и на билатерално ниво работиме со другите држави се со цел овој основен проблем, односно оваа основна работа за земјоделството и целокупниот сектор биде дел од нашите приоритет, вели Николовски.

Прашан до каде е постапката за изградба на браната „Речани“ на Оризарска река, Николовски вели дека браните Конско и Речани се во напредна фаза. Тој забележа дека е во интензивна комуникација со градоначалникот на Кочани, Николчо Илијев и најави дека во текот на наредниот период ќе имаат и увид на терен.

– Се анализира целокупната правна документација околу сето она што се случувало во претходниот период. Но, министерството и Управата за водостопанство ги интензивира сите чекори и подготовки кои се однесуваат на добивање на градежни дозволи за овие капитални објекти, кои и каде што инвеститор се наоѓа министерството. Биле запоставени односно многу од овие процедури кои што се и во Министерството, но и во Министерството за транспорт и врски не биле направени досега. Ние како Министерство ги инициравме сите постапки по однос на сите овие проекти, вели Николовски.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/02/2018 20:51