Исклучените од Топлификација денеска од 12 до 14 часот пред Основното јавно обвинтелство во Скопје ќе одржат вонреден протест.

Како што се наведува во најавата за протестот, „причината е непостапување по ниедна од стотиците кривични пријави или допрен глас за организираниот криминал на монополот БЕГ (Топлификација, Водовод) со нотари, судии, извршители и банки“.

„Поради глувоста на ОЈО одлучивме пред нивното седиште јавно со мегафон да им ги прочитаме имињата на вмешаните лица во овој криминал и да им објасниме на обвинителите како тие системски ги прекршувале Уставот и Законите на Република Македонија“, велат организаторите во повикот.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/02/2018 16:55