Министерството за труд и социјална политика, Центарот за социјална работа Кичево и Црвениот крст на Република Македонија денеска во заедничка акција се на терен и во обиколка на поплавените населени места во Кичево.
Како што информираат од министерството, поплавени се куќи во т.н. Прилепска населба во Кичево.
Во моментов ЦСР Кичево прави увид на сите поплавени куќи и иако првичната бројка беше дека станува збор за 70-тина куќи, од увидот било констатирано дека бројката ќе биде над 100-тина поплавени домови.
„Педесетина семејства се сместени во спортската сала Ивандол каде што ќе им се обезбеди сѐ што им потребно. До сега се доделени 75 пакети храна, 75 хигиенски пакети, 100 душеци, 500 ќебиња и 100 пара обувки“, се наведува во соопштението на министерството.