Питсбург стилерс и понатаму е единствениот со шест прстени на Суперболот, а Њу Ингланд пејтриотс и Далас каубојс останаа со по пет трофеи.
„Орлите“ од Филаделфија имаа трета среќа. Изгубија на 15-тиот Супербол од 1981 година од Оукленд рајдерс (10:27), па потоа и во 39-тиот Супербол во 2015 година токму од Њу Ингланд пејтриотс (21:24), но во 2018 им дојде преку глава и победија (41:33) во 52-риот Супербол.
Иглс сезоната ја завршија со скор 17-3, и тоа со резервниот квотербек Ник Фолс (скор во сезоната 3-0), кој влезе во историјата како прв квотербек со фатен пас од тачадаун. На крајот е прогласен и за МВП на 52-риот Супербол одигран во Минеаполис пред повеќе од 73.000 гледачи на стадионот.
Питсбург стилерс останаа единствени со шест прстени на Суперболот, а Њу Ингланд пејтриотс и Далас каубојс останаа со по пет трофеи. На Пејтриотс им останува утеха дека се тим со најмногу натпревари на Супербол, дури десет (1985, 1996, 2001, 2003, 2004, 2007, 2011, 2014, 2016, 2017), а скорот сега им е половичен.
Одлуката е донесена во последните 150 секунди. Брендан Грејем, кој на секунда повеќе од две минути пред крајот го натера Том Брејди, квотербекот со најмногу освоени прстени, на фанбол, прв во дваесетте натпревари оваа сезона.
Потоа Иглс погодија за три поени, на крајот со пас „хел мери“ Брејди проба уште еднаш, како минатата сезона, да го шокира светот, но Роб Гронковски на крајот на времето не ја фати топката во енд зоната.