Јустинијан, Проески, Глигоров, Иванов, Груевски, Гочева меѓу најпознатите Македонци кои оставиле трага во светот Бостонскиот Институт составил список од 11.000 личности кои оставиле траг во историјата од просторите на поранешна СФРЈ, меѓу кои се владетели, спортисти, научници.

Бостонскиот институт за технологија Масачусетс (МИТ) користел два критериуми за составување на листата. Проектот наречен Пантеон се потпира на територијата на која познатите личности се родени за да бидат врзани за одредена современа држава.

На овој начин собрана е листа на личности чие име се појавува на Википедиа на најмалку 25 јазици. Тој во истражувањето користел голем временски период кој оди од 4.000 г.п.н.е. до 2010 година.

Заради врзувањето за територија, а не за националност, во одредени делови листата е чудна. Во рамките на бивша Југославија Србија има најмногу познати личности. Меѓутоа во првите 20, дури 14 се римски императори, а научници и уметници има навистина малку. Најпознатиот српски научник Никола Тесла се наоѓа на хрватската листа бидејќи е роден на хрватска територија, а Жељко Ражнатовиќ Аркан е на словенската.

Најпознат Црногорец на светот е Стефан Немања, а на српската листа се наоѓа и претседателот на Црна Гора Филип Вујановиќ, додека екс претседателот на Србија, Борис Тадиќ се наоѓа на босанската листа бидејќи е роден во Сараево.

Најпознати Македонци во светот се Јустинијан и Мајка Тереза. На листата од вкупно 9 Македонци се најдоа и Киро Глигоров, Борис Трајковски, Никола Груевски, Ѓорге Иванов, Каролина Гочева, Горан Пандев и Тоше Проески.

Кемал Ататурк не е на македонската ниту на турската листа, туку на грчката, исто како и Филип II, Александар Велики. Султанот Бајазит на пример е на грчката листа, исто како и египетскиот паша Ибрахим.

Само 192 од сите 11.000 од листата се живи. На листата познати социолози го нема Карл Маркс ниту во првите 10, бидеќи е ставен на листата економисти.

Најпопуларни политичари на сите времиња, дури попопуларни од Исус се Барак Обама, Адолф Хитлер и Клеопатра.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/02/2018 22:08