Општина Аеродром со соопштение порача дека доколку се докаже дека има вина кај воспитувачката осомничена дека во понеделникот неколкупати удрила 6-годишно дете по образ, против неа ќе се спроведат санкции.

Од општината велат дека се во комуникација со директорот на градинката, кој пак чека известување од полицијата за случајот.

Како што претходно соопшти МВР, 36-годишна жена, кога завчера попладнето дошла да го земе синот од градинка, забележала дека има оток на десниот образ и го прашала од што му е, на што детето рекло дека неговата воспитувачка неколку пати го удрила по образот. Мајката потоа го информирала директорот на градинката кој и кажал да пријави в полиција. Жената од градинката го однела детето на лекарски преглед, со кој е утврдено дека детето има оток, а вчера попладне го пријавила случајот в полиција.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/02/2018 21:58