Шест македонски општини денеска ќе потпишат Меморандум за разбирање во рамки на проектот „Зајакнување на општинските совети - фаза на имплементација“ поддржан од УНДП и Амбасадата на Швајцарија.

Најавени се обраќања на постојаниот координатор на ОН и постојан претставник на УНДП Луиза Винтон, амбасадорката на Швајцарија Сибил Сутер Техада, како и министрите за финансии и локална самоуправа Драган Тевдовски и Сухејл Фазлиу.

Главна цел на проектот е зајакнување на општинските совети и нивната улога во делот на законодавството, надзор и застапување. Проектот во оваа фаза предвидува вклучување на шест пилот општини Велес, Чаир, Свети Николе, Валандово, Струмица и Охрид, коишто ќе работат во правец на зголемената отчетност на градоначалниците кон советите, како и општините кон награѓаните.

До крајот на 2020 година, се предвидува и вклучување на вкупно 24 општини и финансиска поддршка од Швајцарската агенција за развој и соработка во висина од еден милион и 200 илјади долари.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/02/2018 13:40