Редмонд Џерард (17) го донесе првиот златен медал за САД на Олимписките игри во Пјонгчанг, откако победи во дисциплината „слоупстајл“ во сноуборд.

Џерард постигна резултат од 87.16 поени, оставајќи ги зад себе Канаѓаните Макс Паро и Марк Мекморис.

Деветмина судии ги оценуваа бордерите во однос на сложеност и прецизност на елементите.

Фаворитите од Норвешка, кои настапија со тројца натпреварувачи, имаа разочарувачки ден. Освојувачот на сребрениот медал од Сочи 2014 Стале Сандбек остана на 4-то место, додека тинејџерот и сезонскиот сензација во текот на сезоната, Маркус Кливиленд остана на 6-то место.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/02/2018 01:05