Спасувачките екипи ја пронајдоа црната кутија на авионот АН-148, кој се урна во област југоисточно од Москва. Руските власти соопштија дека меѓудржавниот воздухополовен комитет работи на потврдување и идентификација на уредот.
Авион на руската компанија „Саратов Ерлајнс“, во кој имало 65 патници и шест членови на екипаж, вчера се урна југоисточно од Москва.
Авионот летал кон Орск, град што се наоѓа во близина на границата меѓу Казахстан и Русија.