Во хотелот „Космос“ во Москва изби пожар поради што беа евакуирани 230 лица.
Пожарот, кој зафатил само мал дел од хотелот, брзо бил ставен под контрола и никој не е повреден.
Пожарот избил на 15 кат на хотелот, кој се наоѓа во североисточниот дел на Москва.
„Космос“ е хотел со четири ѕвезди и има 1.777 соби.