Холандската лизгачка Ирен Вист денеска на Зимските олимписки игри во Пјонгчанг го освои златниот медал во трката на 1.500 метри.

За 31-годишната Вист ова е петто злато или вкупно десетти медал на олимписките игри. Таа влезе во историјата како единствена лизгачка која има двоцифрен број на медали.

Холанѓанката денеска триумфираше пред Јапонката Михо Такаги и сонародничката Марит Ленстра.

Вист во Пјонгчанг го освои вториот медал, откако го освои второто место на трката на 3.000 метри.

Таа на Холандија и го донесе третото злато во Пјонгчанг или вкупно шестиот медал по три дена натпреварување.



Автор: Администратор
Објавено на: 13/02/2018 00:41