Симболичен беше денешниот настап на Ставре Јада, првиот Македонец кој се појави на Зимската олимпијада во Пјонгчанг. Јада се појави на стартот на квалификациската трка спринт класично на 1,4 км. и заврши на 80.место.

Македонецот на целта стигна со време 4:23.85 минути, односно 1:15.31 минута побавно од првопласираниот.

Најдобро време во квалификациите оствари Ристомати Хакола – 3:08.54 минути.

Пласман во следната фаза обезбедија најдобрите 30 спринтери.



Автор: Администратор
Објавено на: 13/02/2018 20:33