Шведската скијачка Стина Нилсон го освои првото место крос-кантри спринтот одржан попладнево на Зимските олимписки игри во Пјонгчанг.

Нилсон триумфираше со време од 3:03.84 минути, а во директна борба за најсјајниот медал таа на патеката долга 1.25 км. беше три секунди побрза од Норвежанката Маикен Касперсен Фала, која ја бранеше титулата.

Бронзениот медал е за руската спринтерка Јулија Белорукова.

За Нилсон ова е најголем успех во нејзината кариера, бидејќи никогаш досега нема победено на големите натпревари.

Најголем индивидуален резултат и беше сребро од Светското првенство во Фалун пред три години.



Автор: Администратор
Објавено на: 13/02/2018 20:34