Поради лавина на патот во целосен прекин е сообраќајот на патот Маврово - Дебар, соопшти вечерва Авто мото сојузот на Македонија.

Врнежите од снег предизвикаа проблеми во сообраќајот на поголем дел од патиштата низ државата. Забрана за патнички возила е воведена на планинскиот превој Ѓавато, а на патниот правец Тетово–Попова Шапка е воведена забрана за тешки товарни возила и за автобуси. Забрана за тешки товарни возила има и на патните правци Струга – граничен премин Ќафасан, од Стража кон село Колари и обратно и на планинските премини Пресека и Буково.

Врнежи од снег има во Тетово, Попова Шапка, Гостивар, Стража, Маврово, Прилеп, Охрид, Струга, Ресен, Крушево, Кичево, М.Брод, Буково, Ѓавато, Плетвар, Пресека и Железнец.

На планинскиот превој Стража намалена е и видливоста до 100 метри поради магла.



Автор: Администратор
Објавено на: 13/02/2018 23:50