Премиерот Зоран Заев денеска е во посета на Тиквешијата која го празнува верскиот празник свети Трифун - заштитникот на лозарите и винарите.
Придружуван од министерот за земјоделство Љупчо Николовски, Заев на градскиот плоштад во Кавадарци се сретна со кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев со кого наздрави со вино на еден од штандовите со производи од тиквешкото поднебје, посакувајќи здравје и среќа и подобри денови за лозарите и за сите граѓани на Македонија.
Разговараше и со лозари и жители на Кавадарци, а од најмладите од Црвен крст претседателот на Владата си купи и хумано срце изработено од нив за хумани цели.
Посетата ќе продолжи во Неготино, а најавена е и посета на винаријата во Лепово.