Холандската лизгачка Јориен тер Морс го освои златото на трката на 1.000 метри во брзо лизгање на Зимските олимписките игри во Пјонгчанг.

Тер Морс триумфираше со време од една минута и 13,56 секунди и воедно постави нов олимпски рекорд.

Трката втора ја заврши светската рекордерка Нао Кодаира од Јапонија, а бронзениот медал го освои нејзината сонародничка Михо Такаги.

За Холандија тоа е петти златен медал на Игрите во Пјонгчанг.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/02/2018 22:22