Холанѓанката Есме Висер во својот дебитантски настап на ЗОИ направи големо изненадување освојувајќи златен медал на 5.000 метри брзо лизгање. Во најдолгата женска трка, таа ја победи двојната олимписка победничка и светска рекордерка, 30-годишната Чехиња, Матрина Сабликова.
Актуелната европска шампионка на 3.000 метри, 22-годишната Висер, триумфираше со време 6:50.23 минути. Тоа е шести златен медал за Холандија во Пјонгчанг. Сите шест медали се во брзо лизгање. Втора заврши Сабликова со заостанување од 1.62 секунди.
Сабликова не успеа да ја одбрани титулата на 5.000 метри од Ванкувер 2010 и Сочи 2014, но заслужи шести олимписки медал во кариерата, од кои три златни, два сребрени и еден бронзен. Трета финишираше Русинката Наталија Воронина, која заостана 3,75 секунди од победничката.
Трикратната олимписка шампионка од Лилехамер 1994, Нагано 1998 и Солт Лејк Сити 2002, Клаудија Пекстајн (Германија) беше осма.
Пекстајн (45), која има пет олимписки медали во дисциплината и вкупно десет од седум учества на ЗОИ, заврши на 15.20 секунди зад победничката.
Брзо лизгање, 5.000 метри, жени:
1. Есме Висер (Холандија) - 6:50.23 минути
2. Мартина Сабликова (Чешка) - 6:51.85
3. Наталија Воронина (Русија) - 6:53.98
4. Анук ван дер вајден (Холандија) - 6:54.17
5. Ивани Блонден (Канада) - 6:59.38
6. Изабел Вајдеман (Канада) - 6:59.88.