Полскиот ски-скокач Камил Стох го освои златото на големата скокалница на Зимските олимписки игри во Пјонгчанг.

Полјакот ја одбрани шампионската титула од Сочи и е прв натпреварувач, кој освојува две едноподруго олимписки злата на големата скокалница, по Финецот Мати Никенен во 1984 година во Сараево и 1988 година во Калгари.

Стох првиот медал за Полска на игрите во Пјонгчанг го освои со скокови од 135 и 136,5 метри и вкупно 285,7 освоени бодови.

Втор беше Германецот Андреас Велингер, кој минатата седмица го освои златото на малата скокалница. Третото место му припадна на Норвежанецот Роберт Јохансон, кој ја освои и бронзата на малата скокалница.

Стох е овогодишен победник на новогодишната турнеја „Четири скокалници“, но сепак го освои само четвртото место на малата скокалница во Пјонгчанг.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/02/2018 20:46