Новата британска политичка партија „Да ја обновиме Британија“, инспирирана од партијата „Република во движење“ на францускиот претседател Емануел Макрон, денеска почна национална кампања за запирање на Брегзит.

Партијата, основана минатата година, соопшти дека ќе се обиде да поттикне расправа за Брегзит, откако „водечките политички партии во Велика Британија изгубија контакт со гласачите кои чувствуваат дека ги напуштила политичката елита“.

- Планираме да бидеме остри по прашањето за Брегзит и причината за Брегзит. Ќе извршиме притисок врз пратениците да го разгледаат националниот интерес и да ја вратат на маса опцијата за останување во ЕУ, изјави Џејмс Торанс, шеф на стратегијата на партијата.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/02/2018 20:16