Генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш денеска изрази загриженост поради можноста од директен судир меѓу Израел и Хезболах.

Гутереш наведе дека според последните податоци веројатноста за такво нешто е мала, но нагласи дека „понекогаш е доволна искра за да почне конфликт“.

– Длабоко сум загрижен поради тешко предвидливите фактори во целиот регион. Најлош кошмар би бил директен судир меѓу Израел и Хезболах. Нивото на уништување во Либан би било катастрофално, што значи, постои голема загриженост околу таа ситуација, истакна Гутереш, мислејќи на бројните паравоени групи од Сирија кои се приближуваат кон границата со Израел.

Хезболах е формиран во 80-те години од минатиот век како движење на отпорот против израелската окупација на јужен Либан, но од 2006 година меѓу нив немало голем судир.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/02/2018 22:03