Германецот Јоханес Ридзек го освои златниот медал во нордиската комбинација на големата скокалница и скијачкото трчање на десет километри на Зимските олимписки игри во Пјонгчанг, а Германците ги освоија и сребрениот и бронзениот медал.

Ридзек, кој од Зимските олимписки игри во Ванкувер има бронза, а од ЗОИ во Сочи тимско сребро, во Јужна Кореја дојде до првиот златен медал за време од 23:52.5 минути.

Сребрениот медал го освои неговиот сонародник Фабијан Рисле, кој беше побавен за четири десеттинки. До бронзата дојде уште еден Германец, Ерик Френцел, кој за осум десеттинки беше полош од Ридзек. Претходно Френцел во нордиската комбинација го освои златото на малата скокалница и десет километри.

Германскиот успех е уште поважен кога се знае дека последен пат Норвешка во 1936 година на Зимските олимписки игри успеа да ги освои сите три медали во индивидуална конкуренција, додека во 1976 тоа го направија Германците, но двајцата натпреварувачи беа од Западна, а едниот од Источна Германија. Двата пати во прашање беше нордиската комбинација на малата скокалница.

По натпреварувањето на големата скокалница, во водство беше Јапонецот Акито Ватабе, додека второто место го држеше

Норвежанецот Јарл Магнус Рибле. Јапонецот беше малку полош во крос-кантри, па на крајот мораше да се задоволи со петтото место, а норвешкиот претставник со четвртото.

Ридзек по скоковите беше дури петти, но по големата борба со земјаците Рисле и Френцел, успеа да го надополни заостанувањето.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/02/2018 17:58