Норвешка го освои златото во тимска потера во брзо лизгање на Зимските олимписки игри во Пјонгчанг.

Норвежаните во состав Хавард Боко, Синдре Хендриксен, Симен Спилер Нилсен и Свер Лунде Петерсен триумфираа со резултат 3:37,32 минути, на второ место, на разочарување на домашната публика, заврши тимот на Јужна Кореја со време од 3:38,52 минути.

Бронзата ја освоија Холанѓаните по победата во малото финале над Нов Зеланд.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/02/2018 23:53