Еколошкото здружение ‘Еко герила” ќе поднесе кривична пријава до Обвинителството за оние кои изминатиов период го труеја Тетово и предизвикаа така наречена бавна смрт кај голем дел од населението.

Еколошкото здружение ‘Еко герила” ќе поднесе кривична пријава до Обвинителството за оние кои изминатиов период го труеја Тетово и предизвикаа така наречена бавна смрт кај голем дел од населението. Бројот на заболени од респираторни заболувања, особено деца, и натаму е загрижувачки.Тетовските власти велат,под итно мора да се свеснат за проблемот, а најважно и приоритетно е градот да се гасифицира.

Во “Еко герила” почнуваат да нудат и бесплатна правна помош на сите лица кои добиле било какво заболување како резултат на аерозагадувањето.

“Еко герила” денеска презентираше резултати од истражувањето, според кое Тетово за само две години успеал да падне на седмото место, за разлика од 2015-та кога бил прв на листата најзагадени градови во Македонија, па и во Европа.Ова , тврдат,се должи на затворањето на Југохром, но и подигањето на свеста кај населението.

Граѓанскиот притисок, велат, ќе продолжи и во иднина, се додека граѓаните не го добијат тоа што го заслужуваат- чист воздух.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/02/2018 00:49